ЛУКСУЗ И КРИМИНАЛ ВО ИСТРАГАТА ЗА УКРАИНСКИТЕ ЕЛЕКТРАНИ Позлатен „пентхаус“ на бизнисмен под лупа
Истражителите проверуваат дали украинскиот бизнисмен Владислав Соколов контролирал две фирми што ги снабдувале изведувачите со метал. Сомнежот е дека цените на материјалите биле надувани за околу 20,8 милиони гривни.
Мермерни столбови, базен и терариум со жив крокодил се гледаат на фотографиите од претресите во истрагата за изградбата на заштитни објекти во Киевската област. Украинскиот портал Захид.нет ги поврза луксузниот стан и „ролс-ројсот“ од фотографиите со 47-годишниот украински бизнисмен Владислав Соколов.
Фотографиите ги објави украинскиот активист Серхиј Стерненко. На нив се гледаат и позлатени украси во станот. Началникот на истражната управа на полицијата во Киевската област Серхиј Болвинов рече дека полицијата проверува дали имотот е поврзан со парите што се предмет на истрага.
Во фокусот на истрагата се „Стал плус“ и „ТД Тризуб“, две фирми што ги снабдувале изведувачите со метални производи. Фирмите се регистрирани на други сопственици, додека истражителите проверуваат дали зад нив стоел Соколов. Вкупната вредност на 25-те државни договори за градежните работи изнесува 1,89 милијарди гривни.
Соколов во видеообраќање ги отфрли обвинувањата за проневера. Тој рече дека неговата компанија почнала да гради заштитни објекти во ноември 2025 година, на барање на тогашниот раководител на Воената управа на Киевската област Микола Калашник.
Vladislav Sokolov. Ουκρανός “επιχειρηματίας” .
Ερευνάται για υπεξαίρεση ~50 εκατ € στα έργα προστασίας ενεργειακών υποδομών του Κιέβου.
Στην έρευνα στο σπίτι του βρέθηκε μέχρι και κροκόδειλος. https://t.co/Sv4PfbA55R— Harvester🇦🇩🏴☠️ (@thrsts_) November 10, 2026
Бизнисменот тврди дека дел од работите ги почнале врз основа на усни договори. Според неговата процена, регионалната управа им должи на изведувачите повеќе од 1 милијарда гривни. Калашник сега е министер за развој на заедниците и териториите на Украина.
Болвинов во октомври објави детали од одделна истрага за противрадијациско засолниште во училиште во Криукившчина. За изградбата биле издвоени повеќе од 3,7 милиони евра. Главниот изведувач ангажирал подизведувач кој, според полицијата, немал ниту работници ниту опрема за договорените работи.
Истражителите утврдиле дека дел од работите биле заведени само на хартија. На сметките на подизведувачот биле уплатени 240.000 евра, кои, според полицијата, потоа биле подигнати во готовина и поделени меѓу учесниците. Полицијата ја сомничи директорката на фирмата за фалсификување службени документи и за перење пари.