📽️ СЕДУМ АВТОБУСИ ПРЕТВОРЕНИ ВО ПЕПЕЛ Голем пожар во Германија, штетата проценета на два милиона евра

Пожарот избувнал во средата вечерта во кругот на компанија во Ладенбург, во близина на Манхајм. Причината засега е непозната, а полицијата отвори истрага.

5

Седум паркирани автобуси целосно изгореле во голем пожар што избувнал во кругот на една компанија во близина на Манхајм, во германската покраина Баден-Виртемберг. Материјалната штета се проценува на околу два милиона евра, а за среќа, нема повредени лица, соопшти полицијата.

Пожарот избувнал во средата вечерта во Ладенбург, населено место во близина на Манхајм. Огнената стихија зафатила седум автобуси, кои биле целосно уништени.






Уште едно возило претрпело помали оштетувања, но и покрај пожарот останало во возна состојба, информирале од полицијата.

На местото на настанот биле испратени бројни итни служби, а гаснењето траело неколку часа. И покрај големиот пожар и причинетата материјална штета, нема информации за повредени луѓе.

Причината за избувнувањето на пожарот засега не е позната. Полицијата започнала истрага за да ги утврди околностите под кои дошло до несреќата.

Поврзани содржини