ДВЕ СМРТНИ КАЗНИ НАЈАВЕНИ ВО САД До крајот на годинава може да бидат извршени уште 40

Минатата недела, гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, објави дека ќе ги замени стотиците смртни казни пред да ја напушти функцијата.

0

Во САД денеска ќе бидат извршени две смртни казни во две држави, Тексас и Оклахома.

Смртна казна ќе се изврши врз татко од Тексас, кој обезглавил три мали деца во 2003 година. Злосторството длабоко ја потресе заедницата недалеку од границата меѓу САД и Мексико.






Во Оклахома, осуденик кој го убил поранешниот сопруг на жена со која имал врска, исто така, е предвидено да биде погубен со смртоносна инекција.

Во САД, до крајот на оваа година би можело да има повеќе од 40 егзекуции, во време кога прашањето за смртната казна повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста.

Минатата недела, гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, објави дека ќе ги замени стотиците смртни казни пред да ја напушти функцијата. Според експертите, тоа би било најголемото масовно помилување во американската историја.

Поврзани содржини