📽️ ВИTКОФ И КУШНЕР ПРИСТИГНАА ВО МОСКВА, ПУТИН ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА СЛЕДНИТЕ ЧЕКОРИ По разговорите во Абу Даби, американските пратеници ќе се сретнат и со Зеленски

Стив Виткоф и Џаред Кушнер ќе го информираат рускиот претседател за дводневните разговори со украинската и руската делегација, а потоа треба да се сретнат и со Володимир Зеленски.

0

Специјалните пратеници на американскиот претседател, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, утрово пристигнаа во Москва, каде што ги пречека Кирил Дмитриев, специјален пратеник на рускиот претседател Владимир Путин. Американските претставници денеска треба да го информираат Путин за резултатите од дводневните разговори меѓу руската, американската и украинската делегација во Абу Даби, по што се очекува рускиот претседател да одлучи за следните чекори на Москва, објави руската новинска агенција ТАСС.

По пречекот на московскиот аеродром „Внуково“, колоната возила со американските претставници го напуштила аеродромот.






Средбата со Путин доаѓа еден ден по завршувањето на дводневните преговори во Абу Даби, на кои учествуваа делегации на Русија, САД и Украина. Разговорите се одржаа зад затворени врати, без присуство на медиумите.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, вчера изјави дека по средбата со американските претставници Путин ќе одлучи како ќе постапи руската страна во продолжението на дипломатските напори.

По посетата на Москва, Виткоф и Кушнер треба да отпатуваат во Даблин, каде што, според најавата на Кушнер, ќе се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

 

Поврзани содржини