ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ НАВОДНО ИМА НОВО МОМЧЕ Актерот кој е 11 години помлад од Џеј Ло нивните филмски бакнежи ги оцени со 12 од 10

Пејачката и актерка наводно е во романтична врска со британскиот актер Брет Голдстин, со кого глумеше љубовен пар во филм на Нетфликс. Гласините повторно се разгореа откако беа забележани како си заминуваат заедно од забава во Лос Анџелес.

66

Џенифер Лопез (57) наводно започнала нова романса со британскиот актер Брет Голдстин (46), познат по улогата во серијата „Тед Ласо“. Двајцата глумеа заедно во романтичната комедија „Романса во канцеларија“ („Office Romance“), а за нивната блискост се зборува уште од снимањето на филмот.

Според американските медиуми, Лопез и Голдстин биле забележани на забава во Лос Анџелес на 16 октомври. Иако пристигнале одделно, наводно си заминале со ист автомобил, што повторно ги поттикна шпекулациите дека меѓу нив има нешто повеќе од пријателство.






Нивната блискост наводно била забележлива и за време на снимањето. Извори од филмската екипа тврделе дека меѓу нив имало силна привлечност, но двајцата досега ги негираа гласините за љубовна врска. Во јуни, додека го промовираа заедничкиот филм, Лопез објасни дека јавноста постојано ја поврзува со мажите со кои професионално соработува.

Сепак, пејачката неодамна повторно го привлече вниманието кога во емисијата на Енди Коен зборуваше за бакнежите со својот колега.

– Тукушто снимав филм со Брет Голдстин и би рекла дека тој најдобро се бакнува – откри таа.

Голдстин, пак, уште пред нивната заедничка работа јавно го покажувал воодушевувањето од Лопез. Во својот подкаст зборуваше со пофални зборови за неа и за нејзината улога во филмот „Hustlers“. Исто така, на премиерата на филмот „Office Romance“ во Лос Анџелес во мај годинава, Брет Голдстин возврати на комплиментот на Џенифер Лопез во однос на бакнувањето. Кога новинар на „Ентертејнмент тунајт“ го праша како би го оценил бакнежот со пејачката, актерот одговори:

– Најдобар. Би му дал 12 од 10. Лопез се насмеа на неговиот одговор, а Голдстин призна дека кога слушнал дека таа го пофалила, се почувствувал како да освоил нешто повредно од награда „Еми“.

Лопез во август 2024 година поднесе барање за развод од Бен Афлек, со кого повторно ја обнови љубовта речиси две децении по нивната прва врска. Двајцата се венчаа во 2022 година, но бракот не траеше долго. Засега нема официјална потврда дека пејачката и Голдстин се во врска.

Поврзани содржини