📽️ АКТЕРОТ ГИ ОПИША ПОСЛЕДНИТЕ МОМЕНТИ СО СИНОТ ВО СВОЈАТА КНИГА „Му ја тргнаа маската и повторно му го видовме лицето“

Актерот Гери Синиз ги откри најпотресните детали од последните часови на својот син Мек, кој почина на 33 години по пет и пол години борба со ретка форма на рак. Во новата книга „Graceful Warrior“ тој ја раскажува семејната битка, a зборува за тоа и во подкастот на фондацијата „Гери Синис“, формирана од покојниот син.

1

Гери Синиз, најпознат по улогата на поручникот Ден во филмот „Форест Гамп“, во книгата „Graceful Warrior: The True Story of a Son, a Father, and a Family Who Carried Each Other Through“, објавена на 10 ноември, се навраќа на најтешкиот период во животот на своето семејство. Особено болни се страниците во кои ги опишува последните часови на Мек, кој почина на 5 јануари 2024 година.

Зa ова актерот зборува и во подкастот на фондацијата „Гери Синис“, формирана од покојниот син.






Мек бил дијагностициран со исклучително редок вид рак што ги зафаќа коските во пределот на черепот и ‘рбетот, во август 2018 година. Болеста постепено напредувала, а по бројните операции и компликации, тој останал парализиран од градите надолу. И покрај сè, не се откажувал од борбата. Неговиот татко во книгата признава дека никогаш не ја изгубил надежта дека ќе пронајдат терапија што ќе му помогне.

Состојбата на Мек нагло се влошила кон крајот на декември 2023 година, кога поради сериозни проблеми со дишењето бил хоспитализиран. Во раните утрински часови на 5 јануари веќе не можел самостојно да дише, па апаратот дишел наместо него. Гери сфатил дека можеби се ближат последните моменти и околу седум часот наутро почнал да ги повикува членовите на семејството во болницата.

– Веќе бев целосно исцрпен, но знаев дека морам да му помогнам на семејството да го помине тој тежок и посебен ден – вели актерот опишувајќи колку му било тешко да им објасни на сопругата Мојра и ќерките Софи и Ела што се случувало во текот на ноќта.

Кога свештеникот му ги дал последните обреди на Мек, семејството се собрало околу неговиот кревет. Се држеле за раце, со солзи во очите, и се молеле, а потоа лекарите му ја тргнале маската, па повторно можеле да му го видат лицето.

– Го опкруживме Мак со љубов. Се држевме за раце. Имавме солзи во очите. Измоливме дел од бројаницата. Маската му беше тргната и повторно можевме да му го видиме лицето. Сите бевме покрај него. Лекарите ни рекоа дека веќе не може да нè слушне, но сигурен сум дека знаеше дека сме таму. Беше мирен – се присетува Синиз.

Мек починал истиот ден во 15.25 часот, опкружен со најблиските. По неговата смрт, Гери долго стоел покрај телото на синот, без да зборува и без да се помрдне. Во книгата признава дека чувството било нереално, како нешто што не може да го разбере ниту да го опише со зборови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeremy Boreing (@jeremyboreing)

„Беше единствено момче што отиде на роденденот на девојче кое другите деца го исмејуваа“

Во интервјуто за подкастот на фондацијата „Gary Sinise Foundation“, актерот откри и многу досега помалку познати детали од детството на Мек. Го опиша како исклучително добро и чувствително момче, со големо срце за другите деца.

Се присети на една случка од основно училиште, кога едно девојче од одделението било исмевано од другите деца. Кога таа ги поканила соучениците на роденден, момчињата одбиле да одат, сметајќи дека е „кул“ да ја избегнуваат. Мек се појавил на забавата и бил единственото момче од одделението што дошло. Татко му вели дека бил многу горд на него, а во училиштето дури добил и признание за доброто однесување.

Нивната блискост особено се продлабочила преку музиката. Гери му го купил првиот комплет тапани кога имал девет години, а на 15 години Мек за првпат настапил со бендот на татко му. Се сеќава дека му дал задача да ја научи песната „Boys of Summer“, а потоа да отсвири и петминутно соло на тапани. Мек напорно вежбал и настапил одлично.

Актерот открил и една интересна семејна случка. Мек бил исмеван во училиштето поради тоа што татко му бил телевизиска ѕвезда. Еднаш, како тинејџер, толку се вознемирил што му викнал на Гери: Зошто не можеш да бидеш нормален татко? Зошто мораш да бидеш познат?

Му реков: Па, Мак, јас сум твојот татко. Сакаш друг татко? – се потсетил актерот. Синот застанал, размислил и се смирил. Гери вели дека тоа била една од ретките ситуации кога го видел навистина лут, бидејќи Мак вообичаено бил мирен, скромен и никогаш не се фалел со своите таленти.

Татко му се повлекол од актерството за да биде покрај сопругата и синот

Во интервјуто Синиз зборува и за тоа колку била сложена семејната ситуација. Само два месеци пред дијагнозата на Мек, на неговата сопруга Мојра ѝ бил дијагностициран рак на дојката во трет стадиум. Така, семејството истовремено се соочувало со две сериозни здравствени битки.

Гери во 2020 година се повлекол од актерството за целосно да им се посвети на сопругата и синот. Истакнал дека бил среќен што неговата долгогодишна кариера му овозможила финансиска сигурност и можност да ја стави работата на второ место.

За време на лекувањето на Мек, тој бил главниот човек за комуникација со лекарите, организирање на третманите и барање нови можности за лекување. Во својот телефон имал броеви од 40 до 50 лекари, специјалисти и хирурзи, а при пишувањето на книгата повторно ги разгледувал старите пораки и разговори за да ги провери сите детали.

Признава дека пишувањето било исклучително тешко. На книгата работел две години со писателот Маркус Бротерсон, но имало моменти кога морал да прекине со раскажувањето на болните спомени и да го замоли соработникот да си замине, бидејќи повеќе не можел да продолжи.

Мојра и ќерките Софи и Ела биле голема поддршка во текот на лекувањето. Додека Гери се занимавал со лекарите и медицинските одлуки, сопругата поминувала многу време покрај Мек, разговарајќи со него, гледајќи телевизија и молејќи се. Синиз ја опишал како утеха за синот во најтешките моменти.

По смртта на синот открил богатство од необјавена музика

Една од најемотивните работи што Гери ги открил по смртта на Мек била музиката што синот ја оставил во својот лаптоп и телефон. Мек бил талентиран тапанар, композитор и музичар, а дури и кога болеста го парализирала и повеќе не можел да свири како порано, продолжил да создава музика.

Пред смртта успеал да го заврши албумот „Resurrection & Revival“. Неговиот татко подоцна нашол уште многу недовршени композиции, мелодии и музички идеи. Со помош на пријателите и соработниците на Мек ги довршил и ги објавил како второ и трето продолжение на музичкиот проект.

Денес постојат три албуми со неговата музика. Особено емотивна за Гери е композицијата „Arctic Circles“, бидејќи го потсетува на моментот кога првпат седел покрај синот во студиото и го слушал како работи на неа. Актерот откри и дека понекогаш ја слуша песната „The Ether“ кога му е потребно да се исплаче.

Музиката на Мeк веќе ја изведувале и големи симфониски оркестри. Националниот симфониски оркестар ја извел неговата композиција „The Rise“ на концерт по повод Денот на сеќавањето, а подоцна и уште едно негово дело, „Triumphant“. Во Милвоки биле организирани и два распродадени концерта посветени на неговото творештво, на кои оркестарот извел 18 композиции.

Гери признаva дека откривањето на музиката и работата на албумите му помогнале да се справи со загубата. Во последните две и пол години истовремено работел на музиката на синот и на книгата, што го опишал како нешто што буквално му помогнало да продолжи да живее.

– Ова не е книга за ракот. Ова е приказна за надежта, храброста, вербата и за тоа како едно семејство се држело заедно во најтешките моменти – порача актерот.

Насловот „Graceful Warrior“, односно „Достоинствен воин“, произлегол од начинот на кој Гери ја опишува борбата на својот син. Дури и кога болеста напредувала, кога останал парализиран, кога изгубил вид на едното око и кога се појавувале нови компликации, Мак се обидувал да живее секој ден исполнето. Не сакал постојано да размислува за следната терапија и за можноста таа да не успее.

Гери вели дека токму од синот научил како да се соочува со тешкотиите и дека по неговата смрт се обидува да биде подобар сопруг, татко на ќерките и дедо на своите внуци.

– Сакам Мак да биде горд на мене – признава тој.

Целото интервју е на линкот подолу.

 

 

 

Поврзани содржини