ОД СКАРА ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА Дел од возачите пиеле, па седнале зад волан

Празничниот викенд донесе засилени контроли, седум возачи биле под дејство на алкохол, а меѓу приведените има и малолетник без дозвола.

78

Празничната атмосфера за 1 Мај не помина без проблеми на патиштата. Полицијата приведе 14 возачи поради безобѕирно управување, а дел од нив биле под дејство на алкохол.

Според информациите, седуммина возачи управувале возило во алкохолизирана состојба, петмина биле без возачка дозвола, меѓу нив и еден малолетник, додека двајца возеле и покрај тоа што имале активна забрана.

Во главниот град, Скопје, еден возач бил фатен без возачка дозвола, а слични случаи биле регистрирани и во Велес, Демир Хисар, Охрид и Тетово. Во Охрид и Тетово, пак, по еден возач управувал возило и покрај изречена забрана.

Алкохол зад волан бил регистриран кај возачи во Свети Николе, Кочани, Кавадарци, Струмица, Гевгелија и два случаи во Прилеп.

По документирање на случаите, против сите ќе следуваат соодветни пријави.

Од полицијата апелираат граѓаните да не седнуваат зад волан без возачка дозвола, под дејство на алкохол или додека им трае забрана, со цел да се избегнат несреќи и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Поврзани содржини