МАЛОЛЕТНИЦИ ЗАД ВОЛАН, ФАТЕН И ПИЈАН ВОЗАЧ Приведени 16 лица, 14 немале дозвола

Шеснаесет возачи се приведени низ земјава поради безобѕирно управување, од кои 14 возеле без положен возачки испит. Меѓу нив има и малолетници, возач под забрана и возач под дејство на алкохол.

36

Шеснаесет возачи биле приведени во текот на изминатото деноноќие на различни локации низ земјава поради сомнение за „безобѕирно управување со возило“.

Меѓу нив, 14 возачи управувале без да имаат положено возачки испит, односно без да поседуваат возачка дозвола.






Полицијата ги привела А.Х. од Штип, Ј.Ф. од Прилеп, 38-годишниот С.М. и 23-годишниот С.В. од Кочани, 20-годишниот Ј.К. од Штип, 17-годишен малолетник од Долно Количани, скопско, 27-годишниот Ф.В. од Студеничани, скопско, како и 36-годишниот Е.Б., 34-годишниот И.С. и 18-годишниот В.В. од Скопје.

Приведени се и 20-годишниот Д.П. и 68-годишниот Б.Ј. од Велес, 33-годишниот Б.С. од Куманово и 16-годишен малолетник од Новаке, тетовско.

Во одделен случај, 29-годишниот В.Ј. од Новаци бил приведен затоа што управувал автомобил иако имал активна забрана за возење.

Полицијата привела и 39-годишен жител на Скудриње, општина Маврово и Ростуше, кој бил затекнат како вози под дејство на алкохол.

Против сите ќе следуваат кривични пријави по завршувањето на постапките за расчистување на случаите.

Од полицијата повторно апелираат возачите да не седнуваат зад волан без возачка дозвола, со активна забрана за управување или под дејство на алкохол.

Поврзани содржини