БЕСНЕАТ ПО ПАТИШТАТА, 43 ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ЗА ТРИ ДЕНА Полицијата регистрирала над 1.600 прекршоци

За три дена полицијата санкционирала 1.621 сообраќаен прекршок, а меѓу најчестите се пребрзото возење и неправилното паркирање.

0

Полицијата во изминатите три дена регистрирала вкупно 1.621 сообраќаен прекршок на патиштата низ државата, а 43 лица биле лишени од слобода поради безобѕирно управување со возило.

Од 24 до 26 август, полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи спроведувале засилени сообраќајни контроли, при што биле издадени 1.621 платен налог.






Најголем дел од прекршоците се однесуваат на непочитување на дозволената брзина. За пребрзо возење биле санкционирани 456 возачи.

Полицијата во истиот период лишила од слобода 43 лица поради безобѕирно управување со возило. Меѓу нив, двајца возеле под дејство на алкохол, 20 возеле без возачка дозвола, а двајца управувале возило и покрај претходно изречената забрана за управување.

Во рамки на контролите биле одземени и 19 возила, согласно член 300-б од Кривичниот законик.

Проблем претставувало и неправилното паркирање. Полицијата регистрирала 385 прекршоци, додека 28 возачи биле санкционирани поради управување со возило под дејство на алкохол.

Меѓу санкционираните се и 159 мотоциклисти кои не носеле заштитен шлем, како и 105 учесници во сообраќајот кои не користеле сигурносен појас.

Од сообраќај биле отстранети и 17 нерегистрирани возила, додека седум возила биле исклучени поради техничка неисправност.

Полицијата санкционирала и четири возачи поради непочитување на пропишаните услови за затемнување на стаклата на возилата, односно користење несоодветни фолии.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од полицијата апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, со цел да се зголеми безбедноста на патиштата.

Поврзани содржини