МАЛОЛЕТНИК ИМАЛ ПОЛОВИ ОДНОСИ СО ВОЗРАСНИ ЛИЦА ВО СТАН Случајот го пријавила установа за згрижување деца

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот откако добила пријава дека малолетник претходно се оддалечил од установата.

0

Пријава за случај во кој малолетник имал полови односи со возрасни лица во стан добила скопската полиција од јавна установа за згрижување деца.

Според пријавеното, малолетникот претходно се оддалечил од установата, а потоа во стан имал полови односи со возрасни лица. Случајот бил пријавен на 25 ноември во 14:10 часот.






Од МВР информираат дека преземаат мерки за расчистување на настанот. Засега не се соопштуваат други околности за случајот.

Поврзани содржини