СТРУМИЧАНЕЦ СИЛУВАЛ 12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Полицијата приведе 21-годишен жител на Струмица

21-годишник од Струмица е приведен по пријава за обљуба врз 12-годишно девојче. За случајот се известени обвинител и Центарот за социјална работа.

0

Дваесет и едногодишник од Струмица е приведен по пријава дека извршил обљуба врз 12-годишно девојче. Случајот бил пријавен во полицијата, а настанот, според пријавата, се случил на 23 ноември во Струмица.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ф.С. (21), поради сомнение дека го сторил делото.






„На 23.11.2026 полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Ф.С. (21) од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека истиот ден во Струмица извршил обљуба врз 12-годишна малолетничка“, соопштуваат од МВР.

За случајот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјална работа во Струмица.

Од полицијата најавуваат дека по целосното документирање на настанот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини