ДРВО ПАДНА ВРЗ ДЕТЕ, ДАЛИ НЕКОЈ ЌЕ ОДГОВАРА КРИВИЧНО? Обвинителството започна истрага

Како што информираат од општината, инцидентот се случил во паркот меѓу улиците Никола Русински и Карпошево востание, кога врз детето паднала гранка од дрво, нанесувајќи му сериозни повреди. Пренесено е во Ургентниот центар, каде лекарите се борат за неговото здравје.

470

Во координација со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, екипи на Министерството за внатрешни работи извршија увид во Општина Карпош, по вчерашниот инцидент кога 10-годишно дете се здоби со тешки телесни повреди. Сепак, детето е хоспитализирано и моментално се наоѓа под опсервација.

Како што информираат од општината, инцидентот се случил во паркот меѓу улиците Никола Русински и Карпошево востание, кога врз детето паднала гранка од дрво, нанесувајќи му сериозни повреди. Пренесено е во Ургентниот центар, каде лекарите се борат за неговото здравје.






„За жал, неодговорноста зема данок. И тоа данок кој директно го загрозува човечкото здравје“, се наведува во соопштението од Општина Карпош, истакнувајќи ја сериозноста на настанот.

Јавниот обвинител веќе издал наредби за обезбедување на целокупната документација, која ќе помогне во утврдувањето на староста на дрвото и евентуалните барања за сечење или отстранување. Според информациите, извршени се разговори со лица кои можат да имаат сознанија за евентуална кривична одговорност за падот на гранката.

Иако инцидентот се случил на само пет метри од пунктот на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, одговорните институции сè уште работат на утврдување на сите околности кои довеле до трагичниот настан.

📷 МАЛОЛЕТНИК Е ТЕШКО ПОВРЕДЕН, ВРЗ НЕГО ПАДНАЛО ДРВО Општина Карпош бара одговорност

Поврзани содржини