🎥 НЕ ПОМИСЛУВАВ ДЕКА ТОЛКУ УБАВО ЌЕ СИ ПОМИНАМ ВО МАКЕДОНИЈА! Дејвид Гета сподели видео од концертот во Скопје
Да ви кажам право, кога доаѓав во Македонија не знаев што да очекувам. Но, ова е лудо – 50.000 луѓе на концерт на стадион - вели Гета.
Светски познатиот ди-џеј Дејвид Гета, кој имаше голем концерт на градскиот стадион во Скопје по повод Денот на независноста на Македонија, на својот профил на Инстаграм сподели впечатоци од концертот во Скопје.
– Да не ти се верува. Убав, фин вторник, со неколку пријатели, а ваму 50.000 публика! Да ви кажам право, кога доаѓав во Македонија не знаев што да очекувам. Но, ова е лудо – 50.000 луѓе на концерт на стадион! Тотално лудо! Ни за момент не помислував дека толку убаво ќе си поминам во Скопје – вели Гета во видеото, во кое е пренесена веселата атмосфера од концертот, а завршува со зборовите „Благодарам, Македонија“.
View this post on Instagram