ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО ИСФРЛИ ЧОВЕК ОД НАСТАПОТ НА ДРАГАНА МИРКОВИЌ Концертот прекинат, а гостинот повторно се вратил во клубот
Српската пејачка Драгана Мирковиќ ноќта меѓу 13 и 14 април пеела во клуб во Хановер, Германија, а зад нејзиниот грб во еден момент дошло до тепачка помеѓу неколку мажи, пишува српски „Телеграф“.
Српската пејачка Драгана Мирковиќ ноќта помеѓу 13 и 14 април пеела во клуб во Хановер, Германија, а зад нејзиниот грб во еден момент дошло до тепачка помеѓу неколку мажи, пишува српски „Телеграф“.
За среќа, немало поголеми проблеми, бидејќи обезбедувањето ги отстранило проблематичните лица од клубот.
Меѓутоа, еден од нив подоцна се вратил во клубот и и пришол на Драгана да и објасни што се случило. Вака тој го „испровоцирал“ нејзиниот коментар.
– Сè заврши добро, па сега нема да зборуваме за грди работи – рекла пејачката со насмевка, како и обично, пренесува српска „Република“.
Публиката синоќа и пружила голема поддршка и љубов на Драгана, што е силен ветар во грб за пејачката по одлуката да се разведе од сопругот Тони Бијелиќ.