ПРОТЕСТИ ВО СОФИЈА, СЕ БАРААТ ОСТАВКИ ОД РАДЕВ И ОД ЈОТОВА Незадоволство поради одговорот на нападите во Црното Море
Главниот повод за протестот е реакцијата на бугарските власти на серијата напади со беспилотни летала врз трговски бродови во бугарската ексклузивна економска зона во Црното Море. Демонстрантите сметаат дека државното раководство не реагира доволно решително на заканите за националната безбедност и избегнува јасно да ја посочи одговорноста за нападите.
Демонстранти се собраа на мирни протести пред зградата на бугарската влада во Софија, барајќи оставка од претседателката на државата Илијана Јотова и од премиерот Румен Радев.
Во областа има силно полициско присуство.
Главниот повод за протестот е реакцијата на бугарските власти на серијата напади со беспилотни летала врз трговски бродови во бугарската ексклузивна економска зона во Црното Море. Демонстрантите сметаат дека државното раководство не реагира доволно решително на заканите за националната безбедност и го обвинуваат дека избегнува јасно да ја посочи одговорноста за нападите
Според демонстрантите, претседателката Јотова и премиерот Радев не успеваат да се справат со ситуацијата.
Тие нагласија дека цела Европа знае дека ова се руски напади, „но само нашиот претседател и влада се преправаат дека не знаат“.
Собраните скандираа „оставка“, „предавници“ и „затвор“.
– Доколку нападите во Црното Море продолжат на ист начин бродовите нема да сообраќаат. Покрај товарот што е во опасност, имаме и потонати бродови. Не можеме да си дозволиме толку евтино да трошиме човечки животи – рече Јотова во изјава за бугарски медиуми.
Радев денеска во Брисел рече дека истрагата не нашла цврсти докази дека Русија стои ззад нападите минатата недела врз два трговски брода во бугарските води во Црно Море, од кои еден потона.