ЛЕТАЈЌИ СО ЦЕСНА ПИЛОТ ЦРТА СЛИКИ НА РАДАРИТЕ!? Летал 6 часа за да ја исцрта „Крик“ од Едвард Мунк

Подвигот се поврзува со американскиот пилот Бенџамин Мекданиел, познат како „Пилотот Пикасо“.

0

Необичен подвиг го привлече вниманието на илјадници луѓе ширум светот, откако пилот со мал авион исцрта контури на познатата слика „Крик“ на норвешкиот уметник Едвард Мунк, користејќи ја патеката на својот лет на дигиталната карта на платформата „Флајтрадар24“ (Flightradar24).

Настанот се случил на 13 октомври над американската сојузна држава Мисури, каде што авион од типот „Цесна“ (Cessna Skylane RG), со регистрација N1810R, околу шест часа изведувал внимателно испланирани маневри.






На платформата „Флајтрадар“ постепено се појавувале контурите на познатото уметничко дело, вклучувајќи го ликот кој вреска, мостот и силуетите во заднината.

Авионот се поврзува со американскиот пилот Бенџамин Мекданиел, познат како „Пилотот Пикасо“, кој и претходно привлекувал внимание со слични подвизи, меѓу кои и изцртување на „Мона Лиза“ со патеката на летање.

Поврзани содржини