🎥 НОВА СНИМКА ОД ГРАБЕЖОТ ВО ЗЛАТАРНИЦА ВО КУМАНОВО Крадците дошле со автомобил и со комбе и насилно влегле
Според сознанијата на „Алсат“, крадците пристигнале со бело комбе „ивеко“ со германски царински регистарски таблички и со син автомобил „ауди“ со косовски таблички.
Нова видеоснимка од грабежот во златарницата на улицата 11 Октомври во Куманово се прошири на социјалните мрежи. На снимката се гледа пристигнувањето на комбе и на автомобил пред златарницата од каде што влегле четворицата маскирани лица. Може да се види и дека лицата од комбето насилно влегуваат.
Камерата го регистрирала грабежот во 12:24 часот. Според изворите на телевизијата Алсат, на снимката од камерата внатре во дуќанот стои 13:24 бидејќи часовникот на камерата бил наместен на летно сметање на времето.
Според сознанијата на телевизијата, крадците пристигнале со бело комбе „ивеко“ со германски царински регистарски таблички и со син автомобил „ауди“ со косовски таблички.
Возилата наводно пристигнале од Скопје, преку Арачиново, по стариот пат кон Куманово. По грабежот се вратиле во истиот правец. Овие информации допрва треба да бидат потврдени или отфрлени.
View this post on Instagram
Кражбата била пријавена вчера во 12:32 часот. Крадците насилно ја отвориле вратата на златарницата, која е во сопственост на 55-годишен жител на Липково, се вели во полицискиот билтен.
Вредноста на украдениот накит ќе биде утврдена по проценката во присуство на сопственикот.
Грабежот го осуди претседателот на Регионалната занаетчиска комора Куманово и на Занаетчиската комора на Македонија, Агрон Фазлији. Тој посочи дека златарницата на мајсторот Абдулрахим работи веќе 30 години.
📽️ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ОГРАБЕНА ЗЛАТАРНИЦА ВО КУМАНОВО Сторителите однеле злато, полицијата трага по нив