ОДЛУКАТА ЗА ПАРНОТО Е НА РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА, НЕ НА ВЛАДАТА Во Белград парното е поскапо за 86%, во Софија за 18%
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека го разбираат дополнителниот финансиски товар за граѓаните, но дека регионалните споредби покажуваат значително пониска цена на централното греење во Скопје.
Одлуката за поскапувањето на парното ја донела Регулаторната комисија за енергетика, а не Владата, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ. Владејачката партија му одговори на СДСМ со споредба на цените на централното греење во главните градови во регионот.
„Поскапувањето на цената на парното е резултат на покачувањето на цената на гасот, која на светските берзи вртоглаво расте“, се наведува во соопштението.
Според пресметките на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните во Софија плаќаат за 18% поскапо парно отколку граѓаните во Скопје, во Сараево за 44%, во Белград за 81%, додека во Љубљана за 86%.
„Додека просечната референтна месечна сметка за парно во Скопје ќе изнесува 2.681 денар, во Сараево таа изнесува околу 3.858 денари, во Белград 4.860 денари, а во Љубљана околу 5.000 денари“, посочуваат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека го разбираат дополнителниот финансиски товар за граѓаните, но дека регионалните споредби покажуваат значително пониска цена на централното греење во Скопје.