ЌЕРКАТА НА КИМ КАРДАШИЈАН ОТКРИ ДЕКА НЕЈЗИНИТЕ ПИРСИНЗИ СЕ ЛАЖНИ „Толку често ги менувам, мислите дека се вистински?“
Тринаесетгодишната ќерка на Ким Кардашијан и Канје Вест во пренос во живо на Тик-Ток објасни дека пирсинзите на носот и образите се само модни додатоци. Таа призна дека еден ден сака да направи вистински пирсинг, но мајка ѝ засега не ѝ дозволува.
– Луѓе, овие пирсинзи не се вистински – им порача Норт на гледачите, приближувајќи се кон камерата за подобро да ги покаже украсите на образите.
– Толку често ги менувам, мислите дека се вистински – рече таа. Ким, која има 45 години, се надоврза со прашање како е можно луѓето да мислат дека се вистински кога постојано се различни.
– Речиси секој ден – се надоврза Норт.
Норт додала дека родителите засега не ѝ дозволуваат да направи вистински пирсинг на тоа место, но не ја исклучува можноста да го направи кога ќе биде постара. Таа призна и дека сака пирсинзи на образите. Ким, пак, со насмевка ѝ одговори дека засега можат да ги лепат украсите.
View this post on Instagram
– Престанете да велите дека сум демонска. Не сум. Само затоа што сакам вака да се облекувам, не судете за книгата според корицата – порача Норт. Таа нагласи дека верува во Исус и дека нејзиниот изглед не значи дека има некаква поврзаност со демони. Ким застана во одбрана на ќерка си, истакнувајќи дека луѓето често донесуваат заклучоци само врз основа на нејзиниот изглед.
Ким објасни дека токму црните навлаки за забите и пирсинзите веројатно ги поттикнуваат ваквите коментари, но Норт возврати дека не разбира зошто нејзиниот стил би се поврзувал со нешто демонско. Таа нагласи дека верува во Исус, а за белата готска комбинација што ја носела на својот прв настап во Чикаго вели дека сака да изгледа како ангел и да симболизира светлина, а не темнина.
Норт и претходно зборуваше за желбата преку модата да ја изразува својата личност. Во интервју во август годинава истакна дека пирсинзите и необичниот стил ѝ помагаат да се чувствува како вистинската верзија од себе.
Ким Кардашијан и Канје Вест, покрај Норт, имаат уште три деца: Сејнт, Чикаго и Псалм. Иако нивната ќерка веќе експериментира со изгледот и музиката, нејзината мајка во повеќе наврати истакнувала дека Норт е самоуверена и дека не дозволува туѓите коментари лесно да ја поколебаат.