СО СОЛЗИ И ТАГА ИСПРАТЕН ГОРАН БАРЕ Синот и родителите на пејачот со нескриени емоции се простија и оставија цвеќе на неговиот гроб

Горан Баре, фронтменот на култната хрватска група „Мајке“, беше погребан на градските гробишта во Винковци. Од музичарот, кој почина на 62-годишна возраст, се простија најблиските, родителите, синот, колегите и бројни обожаватели.

54

 

Последното испраќање на Горан Баре во родното Винковци ги собра семејството, пријателите, колегите и бројните обожаватели на легендарниот рокер. Баре беше погребан на градските гробишта во Винковци, градот во кој пораснал и ја започнал својата музичка кариера. На последното испраќање присуствуваа неговите најблиски, пријатели, соработници и обожаватели кои сакаа да му оддадат почит на музичарот што остави длабока трага на хрватската рок-сцена, пишуваат хрватските медиуми кои објавија и фотографии од тажната поворка.

Меѓу најемотивните моменти било простувањето на неговиот син Миран, кој ретко се појавуваше во јавноста. Тој не можел да ги задржи солзите додека се збогувал со татка си. Во последните години Баре отворено зборуваше за сложениот однос со синот, но и за гордоста поради неговите достигнувања.

Особено трогателна е и сликата на родителите на музичарот. Неговите мајка и татко, двајцата во инвалидски колички, заедно со Миран се простија од Баре, оставајќи по една црвена ружа на неговиот гроб.

На погребот свештеникот одржа молитва и во говорот се осврна и на тешкотиите со кои се соочувал музичарот во животот. Според видеото кое го објави Индекс.хр, во проповедта се споменати и неговите пороци, за кои свештеникот рече дека го туркале во темнина.

Баре почина на 9 октомври, на 62-годишна возраст. Неговата смрт ја потресе музичката сцена, а во деновите по веста за неговото заминување, обожавателите во Загреб се собираа со запалени свеќи и гитари и ги пееја неговите песни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zagreb.info (@zagreb.info)

Во текот на повеќедецениската кариера, Баре и групата „Мајке“ станаа едни од најпрепознатливите имиња на хрватскиот рок. Неговите песни продолжуваат да ги поврзуваат генерациите слушатели, а емотивното збогување во Винковци уште еднаш покажа колку значеше за публиката.






Поврзани содржини