📷 ОТВОРЕН ТРГОВСКИОТ КОМПЛЕКС „ФЕШН ПАРК ТРИАНГЛА“ ВО ГАЗИ БАБА Мицкоски посака успех на локалната инвестиција

Станува збор за значајна приватна инвестиција која носи нови содржини, домашни и меѓународни брендови, угостителски и услужни дејности, како и можност за отворање на околу 250 нови работни места, напиша премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук.

1,230

Премиерот Христијан Мицкоски објави дека присуствал на отворањето на новиот современ трговски комплекс „Триангла“ (Fashion Park Triangla), во Општина Гази Баба.

 

„Станува збор за значајна приватна инвестиција која носи нови содржини, домашни и меѓународни брендови, угостителски и услужни дејности, како и можност за отворање на околу 250 нови работни места. Ваквите инвестиции се важен двигател на локалната економија, придонесуваат за развојот на Гази Баба и создаваат нови можности за граѓаните и бизнис-заедницата.
Честитки до инвеститорите за реализираниот проект и многу успех во понатамошното работење“, напиша премиерот Мицкоски на Фејсбук.






Поврзани содржини