НЕМА ПОЛИТИЧКИ ДОГОВОР СО БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО ИВА МИХАИЛОВА Опозицијата, а не власта, има координација со Софија

Опозицијата мисли дека може да си ја подобрат позицијата така што ќе го спуштат рејтингот на ВМРО -ДПМНЕ и очигледно дека работат со одредени структури во Бугарија, вели вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

79

Нема договор со Бугарија за Ива Михаилова, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој ги отфрла тврдењата на опозицијата дека има политички договор со Софија, односно, дека заминувањето на Михаилова во Бугарија било однапред договорено,.

Според Николоски, опозицијата има координација со Бугарија и работи со одредени структури од оваа соседна држава.






– Тие мислат дека можат да си ја подобрат позицијата не на начин што ќе го подигнат својот рејтинг, туку на начин што ќе го спуштат рејтингот на ВМРО -ДПМНЕ и очигледно дека работат со одредени структури во Бугарија – изјави Николоски во гостување на Канал 5.

Случајот со Михаилова го гледа во контекст на претстојните претседателски избори во Бугарија.

– Овде се работи за след на околности, за луѓе кои се искористени и потоа фрлени. Самото тоа што нема соодветна реакција од таму зборува многу. Тоа е земја членка на ЕУ и на НАТО и има развиен систем на владење на правото и очекувам да ги почитува меѓународните стандарди во делот на владењето на правото и да ја испорача Михајлова – нагласи Николоски.

Тој, како и премиерот Христијан Мицкоски, вели дека кога-тогаш правдата ќе ги стигне и Михаилова и нејзиниот татко кој е осуден во случајот „Детонатор“.

– Така што не се работи за борци за човекови права или за луѓе кои имаат идеолошки проблеми со Македонија, туку очигледно за семејство кое што има сериозни законски проблеми со државата –  посочи Николоски.

Николоски додаде дека се надева дека во иднина нема да се повторуваат вакви случаи.

АПСОЛУТНА ЛАГА Е ДЕКА МИХАИЛОВА СО АДВОКАТОТ ЛЕГАЛНО ЈА ПРЕМИНАЛА ГРАНИЦАТА Mицкоски откри детали и упати силна порака за одговорност за бегството

Поврзани содржини