ВО СЕКОЈА ПРИСТОЈНА ДЕМОКРАТИЈА ОПОЗИЦИЈАТА БАРА ИЗБОРИ Ако побара СДСМ, ќе има предвремено гласање

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски го повтори ставот на Владата дека преферираат да има редовни избори во 2028 година.

0

Во секоја пристојна демократија, опозицијата бара предвремени избори. Доколку опозицијата побара, ние тоа задоволство ќе ѝ го пружиме, изјави вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Николоски го повтори ставот на Владата дека преферираат да има редовни избори во 2028 година.






– Ние сметаме дека е потребно да имаме целосен мандат, со цел да има предвидливост за бизнисот и проектите – рече Николоски во гостување на Канал 5..

Она што го бараат Левица и Али Ахмети, според Николоски, е несериозна работа.

Поврзани содржини