ДОЖД ВО ГРАДОВИТЕ, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ За викенд сончево и стабилно време

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

115

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

На некои од повисоките планини врнежите ќе преминат во слаб снег.






Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Најстудено ќе биде во Берово, каде утринската температура ќе се спушти до 1 степен. Најтопло ќе биде во Гевгелија со дневна температура до 19 степени Целзиусови.

Фото: УХМР

 

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 6 до 16 степени.

Во деновите од викендот и во почетокот на новата седмица ќе преовладува сончево и стабилно време со променлива облачност во текот на денот.

Фото: УХМР
Поврзани содржини