ОБЈАВЕН СПИСОКОТ НА ДОБИТНИЦИ НА ВАУЧЕР ЗА ИНВЕРТЕР Еве кои се следните чекори
Последен рок за искористување на ваучерот, односно за завршување на постапката за купување инвертер клима уред е 15 октомври.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги објавува списоците на добитници на финансиска поддршка за набавка и вградување на инвертер клима уреди, во рамки на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2026 година.
За двете опфатени категории се доделени над 500 потврди-ваучери, со кои на домаќинствата што ги исполнуваат условите им се овозможува поддршка за набавка и монтажа на инвертер клима уред.
Добитниците на ваучерите ќе треба да купат инвертер клима уред до 15 октомври.
Министерството информира дека добитниците на ваучерите ги добиле решенијата на своите имејл адреси со записник/прашалник кој треба да се пополни по извршената монтажа на инвертер клима уредот и баркод или QR-код за идентификација на потврда-ваучерот.
Она што треба да го направат лицата кои го добиле ваучерот е да ги отпечатат двата документа и да одберат компанија од која ќе го купат инвертерот. Списокот го има на страницата на Министерството.за тоа ќе треба да го имаат баркодот или QR-кодот добиен во електронската порака.
По завршување на монтажата потребно е да се пополни записник/прашалник согласно дадените насоки.