РУСКАТА НУКЛЕАРНА ДОКТРИНА НЕ Е ПРАЗНА ЗАКАНА! Медведев со морничава порака до Европа и Западот

Tрпението на Русија не е бесконечно. Денес ние сме само на неколку чекори, само на неколку секунди на часовникот на судниот ден - рече Медведев.

135

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев во интервју за рускиот весник „Ведомости“ изјави дека руската нуклеарната доктрина не е само навестување, туку Москва има целосно право да одговори на критичните закани за нејзиниот суверенитет.

– Ова не е тактика на заплашување, туку реалност. Нуклеарната доктрина на Русија, според која земјата го задржува правото да користи такво оружје доколку нејзината безбедност е загрозена, тешко може да се опише како обично навестување – посочи Медведев.






Според поранешниот руски претседател и премиер, Русија има документ во кој се наведени условите и воените закани под кои Москва би употребила нуклеарно оружје.

Тој потсети дека агресијата од која било ненуклеарна држава против Русија или Белорусија, со учество или поддршка на нуклеарна сила, се смета за напад врз двете земји. Русија и Белорусија формално се федерална држава од 1999 година.

– Имаме целосно право да одговориме на критична закана за нашиот суверенитет. Конечната одлука ќе ја донесе шефот на државата – истакна Медведев.

Тој го обвини Западот дека се обидува да го доведе светот до работ на нуклеарна апокалипса. Нападите врз руските градови ги нарече „агресивни дејства што еден ден би можеле да предизвикаат трета светска војна“.

Медведев посочи дека Русија поседува воените капацитети за напади врз Киев и клучните цели на НАТО.

– Сепак, тоа би била точка од која нема враќање за целата планета, а не само за завојуваните страни. Свесни сме за нашата одговорност за судбината на човештвото и правиме сè што можеме за да спречиме глобална катастрофа – наведе Медведев.

Тој додаде дека трпението на Русија не е бесконечно, а употребата на нуклеарно оружје би било „последна опција, последно средство што ќе се користи само кога сите други мерки ќе пропаднат“.

Денес, ние сме само на неколку чекори, само на неколку секунди на часовникот на судниот ден, потенцира Медведев.

Поврзани содржини