📽️ ГО ГЛЕДАЛА ВО „ТЕЛМА И ЛУИЗ“ И СЕ ВЉУБИЛА Гвинет Палтроу се присети на врската со Бред Пит и призна дека по раскинувањето чувствувала срам

Актерката имала само 22 години кога се вљубила во 31-годишниот Пит, со кого се запознала на снимањето на „Седум“, а денес вели дека и по раскинувањето останале пријатели.

51

Гвинет Палтроу ретко зборува за врската со Бред Пит, но сега откри детали за нивната љубов која во 90-тите беше една од најследените холивудски романси.

Актерката гостуваше во подкастот „Friends Keep Secrets“, каде што се присети на моментот кога првпат го видела Пит на филм.






– Се сеќавам дека го гледав „Телма и Луиз“ во кино и си помислив: Ова е најзгодниот маж! – се присети таа.

Неколку години подоцна, во 1994 година, двајцата се сретнале на снимањето на филмот „Седум“. Палтроу тогаш имала 22 години, а Пит 31. Според неа, меѓу нив веднаш се појавила силна привлечност.

– Имавме нешто како љубов на прв поглед. Беше прилично прекрасно. Беше навистина забавно – вели таа.

Врската брзо станала сериозна. Во 1996 година се свршиле, но една година подоцна ја раскинале свршувачката. Палтроу сега вели дека била многу млада и дека двајцата во тој период постојано патувале поради работата.

– Бев многу млада, а тој беше оваа прекрасна филмска ѕвезда – рече таа.

За Палтроу, која во тој период и самата почнува да станува голема холивудска ѕвезда, дополнителен товар било тоа што јавноста ја гледала првенствено како девојката на Бред Пит.

Вели дека раскинувањето многу ја погодило. Но, уште потежок ѝ бил начинот на кој медиумите го претвориле нивниот крај во нешто многу поголемо отколку што било во реалноста.

– Бев многу разочарана кога раскинавме. Мислам дека вниманието од медиумите направи сето тоа да изгледа поголемо од животот – вели Палтроу. Според неа, јавноста создала чувство дека нивната врска има некакво огромно културно значење, што ѝ донело дополнителен товар и дури чувство на срам затоа што не успеала.

И покрај тоа што поминаа речиси три децении, Палтроу за Пит денес зборува со голема наклонетост.

– Тој е одличен човек и го сакам и денес. Тој ми е пријател – вели таа.

 

Поврзани содржини