Нов бизарен тренд се шири на ТикТок: Тинејџерите си ги рамнат забите со турпија (ВИДЕО)
Стоматолозите предупредуваат дека дури и професионалното израмнување на заби е многу опасно и со тоа се скратува нивниот животен век, а аматерското израмнување може да биде погубно.
На социјалната мрежа ТикТок се појави нов глупав тренд што се шири меѓу младите – си ги израмнуваат забите со турпија, го снимаат процесот и го објавуваат видеото.
Бројот на вакви видеа е огромен, а стоматолозите предупредуваат колку е тоа штетно и глупаво.
– На таков начин ги уништувате забите и правите непоправлива штета – изјавил д-р Чед Еванс за „Insider“.
Стоматолозите предупредуваат дека дури и професионалното израмнување на заби е многу опасно и со тоа се скратува нивниот животен век, а аматерското израмнување може да биде погубно.