На Крит пеколни 38 степени во мај

402

Во текот на вчерашниот ден, во одредени делови на Грција биле регистрирани рекордно високи температури, несвојствени за почеток на мај, според податоците од Националната опсерваторија во Атина и порталот „Метео“.

Највисоката температура била регистрирана на островот Крит, 38 степени Целзиусови, во централна Грција 37 степени, а на Пелопонез 35,6 степени.






Во девет различни делови на земјата, температурата вчера била од 7,7 до 13,5 степени повисока споредбено со првите десет дена од мај во периодот 2010-2019 година

Поврзани содржини