ФРАНЦУЗИНКА УМРЕ ОД ДЕХИДРАТАЦИЈА НА КРИТ Тргнала да пешачи по забранета патека
Жената и нејзиниот партнер тргнале кон плажа по тешка патека, обележана со знаци за забранет пристап, која е исклучително напорна поради грубиот терен и должината.
Француска државјанка (41) почина вчера на Крит откако се онесвестила додека планинарела на екстремна топлина.
Несреќата се случила во близина на Балос, во регионот Ханија. Жената и нејзиниот партнер тргнале по тешката патека и покрај официјалните предупредувања за опасноста.
Двојката го оставила својот автомобил на паркингот во Фаласарна попладнето и продолжила пеш кон плажата Балос. Тргнале по патека обележана со знаци за забранет пристап, која е исклучително напорна поради грубиот терен и должината.
На враќање, на околу еден километар од паркингот, 41-годишната жена ја изгубила свеста поради тешка дехидратација. Нејзиниот партнер се вратил во автомобилот за да наполни вода и во исто време се јавил на 112 за помош.
Спасувачите ја пронашле жената во несвест и веднаш започнале со реанимација, која продолжила и за време на транспортот до болницата. И покрај напорите, жената починала за време на транспортот.
Координативниот центар на Грчката противпожарна служба предупредува дека пешачењето по долги и тешки патеки е исклучително опасно при високи температури и силна сончева светлина. Противпожарната служба нагласува дека оптоварувањето на телото во вакви временски услови е огромно. Тие ги повикуваат жителите и посетителите да бидат максимално внимателни и строго да ги следат безбедносните упатства.