УНИШТЕНИ 27,5 ТОНИ МЛЕКО ЗАПЛЕНЕТИ ПРИ УВОЗ ОД КОСОВО Содржело превисоки количини афлатоксин

Небезбедните количини млеко, кои биле наменети за пласман во синџир-маркети во земјата, минатата недела под надзор на официјален ветеринар нештетно се уништени на депонијата „Дрисла“, информира АХВ.

0

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Блаце минатата недела спречија увоз од Република Косово на две пратки УХТ-млеко, со вкупна тежина од 27.520 килограми, поради утврдено присуство на афлатоксин над максимално дозволените концентрации дефинирани со закон, соопшти АХВ.

Како што информира АХВ, небезбедните количини млеко, кои биле наменети за пласман во синџир-маркети во земјата, минатата недела под надзор на официјален ветеринар нештетно се уништени на депонијата „Дрисла“.






„Мострите за лабораториско тестирање на двете небезбедни пратки УХТ-млеко се земени во рамките на мониторинг-програмата, која инспекциските служби на АХВ на граничниот премин ја реализираат за пратките со храна од животинко потекло кои се увезуваат во земјава. На 17 јули годинава Агенцијата донесе и Решение за воведување на посебни безбедносни мерки при увоз на млеко, производи од млеко, како и производи кои содржат згуснато млеко и млеко во прав со кои ги засили официјалните контроли при увоз на овој тип производи од животинско потекло преку вршење задолжителни лабораториски испитувања и проверки на усогласеноста со барањата за квалитет, со цел на домашниот пазар да се пласираат исклучиво безбедни и квалитетни производи и да се обезбеди фер конкуренција и заштита на домашните производители и потрошувачите, наведува АХВ.

УХТ-млеко е трајно млеко термички обработено на ултрависока температура за да се уништат микроорганизмите и да се продолжи рокот на траење.

Афлатоксин е токсична и канцерогена материја што ја создаваат одредени видови мувла, а во млекото најчесто се појавува како афлатоксин М1 преку контаминирана добиточна храна.

Поврзани содржини