ПОБАРАЛ 70.000 ЕВРА ЗА ТАЈНИТЕ НА СРПСКИ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА РАКЕТИ Хакер украл ракетни планови и лозинки

Меѓу наводно украдените материјали се технички цртежи, пасоши и доверливи документи на раководството. Напаѓачот нуди и администраторски пристап до системите.

0

Хакер бара 70.000 евра за податоци што тврди дека ги украл од белградската компанија „Едепро“, која произведува ракетни мотори и ракетни системи. Според Н1, фирмата претрпела хакерски напад, а напаѓачот тврди дека пристапил до целата мрежа, вклучувајќи ги серверите со резервни копии.

Наводниот плен опфаќа производствена документација, инженерски спецификации, резултати од тестирања и планови за идни проекти. Компромитирани биле и деловна електронска преписка, финансиски документи и договори за доверливост.






Фабриката претходно беше во јавноста поради експлозии. Во несреќата во 2021 година загинаа тројца работници, а 16 беа повредени. Во друга експлозија, во 2023 година, немало повредени.

Поврзани содржини