МИГРАНТСКА ДРАМА ВО СТУДЕНИЧАНИ Полицијата ослободи мигранти држени во подрум

1,974

Вистинска драма се случила попладнево во скопското село Студеничани.

Мигранти преку електронска порака на мејл побарале помош од Основното јавно обвинителство, бидејќи биле држени во подрумски простории од страна на криминална група со закани со оружје.






Полицијата веднаш реагирала. Испратени се интервентни екипи од СВР Скопје и од единицата Тигар.

Направен е преглед на двата посочени објекта и при преглед на вториот објект во подрумот на куќата се пронајдени 6 мигранти. Приведени се 7 македонски државјани, кои во моментот биле во објектот, за кои дополнително ќе се врши проверка за нивната инволвираност во криминалните активности.

Од страна на службите се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани содржини