КОЈ ГО ЗАТРУ ПРЕМИЕРОТ? Владата ги разгледува сите околности

Доколку се пронајдат сомнителни елементи, тогаш надлежните институции ќе спроведат истрага.

723

Се разгледуваат сите околности, доколку постојат елементи секако дека надлежните би спровеле истрага, потврдија од Владата на Република Македонија, во врска со истрагата која се води по информацијата дека премиерот Димитар Ковачевски се затрул.

Според тоа што е објавено до моментов, постои сомневање дека премиерот веројатно добил труење од храна при посетата на меѓународниот форум „Делфи“ во Грција.






„Она што може да го потврдиме е дека движењето и исхраната на премиерот не е надвор од протокол и дека станува збор за помала, краткорочна реакција, која е надмината брзо и премиерот е во добра здравствена состојба“, за Плусинфо посочија од канцеларијата на портпаролот на Владата.

Претходно беше отркиено и дека на полесни симптони на труење со храна, се пожалил и шефот на кабинетот на премиерот.

Поврзани содржини