ДОВЕРБАТА ВО ПРАВОСУДСТВОТО ПАДНА НА НУЛА Прекинот на истрагата за мазутот во ТЕЦ Неготино ги поина сите граници
Очекувам во следниот период оштетениот во случајот, ЕСМ, да поднесе барање, жалба до Вишото обвинителство, и овој срам на ОЈО ГОКК да се покрие, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов.
Правосудството ја изгуби и последната доверба по прекинот на истрагата за мазутот, не може за ситни случаи да има казни, а за милионски афери молк, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов.
Тој остро реагираше на одлуката на обвинителството раководено од Ислам Абази да ја постапка поврзана со набавката на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, случај вреден 167 милиони евра. Пренџов оцени дека ваквиот потег дополнително ја намалува и онака ниската доверба на граѓаните во правосудниот систем.
– Оние 2% доверба кои што ги уживаше судството, денес можеби се 1% а можеби се 0%, и со право. Она коешто утрово се случи, навистина ги поминува сите граници на нормалното, сите граници на минимална пристојност на функционирање на судството и е многу загрижувачки. Очекувам во следниот период оштетениот во случајот, ЕСМ, да поднесе барање, жалба до Вишото обвинителство, и овој срам на ОЈО ГОКК да се покрие – рече Пренџов во гостување на Алфа.
Пратеникот порача дека институциите мора да продолжат со борбата против криминалот и корупцијата и покрај жилавите структури кои се обидуваат да ги заштитат своите интереси. Изрази уверување дека случајот повторно ќе се најде пред судските органи и дека во наредниот период ќе има разврска по жалбената постапка.
– Ние секојдневно се бориме со криминалот и корупцијата, сакам да им порачам дека ќе бидат поразени и дека правда ќе има во Република Македонија. Ова се последните крици во овие 2 години, да се вратиме на „како до сега“, на политички опструирани случаи, да се вратиме на она, да одговараат луѓе за 300 ќебапчиња, а украдени 300 милиони да биде нешто нормално. Тие ќе изгубат за многу кратко време – вели Пренџов.