ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ ПОВИКАН ВО ПОЛИЦИЈА НА СЛУЖБЕН РАЗГОВОР Сомнежи за злоупотреби на јавни набавки во вредност над 800.000 евра
Надлежните институции сè уште немаат објавено официјални детали за случајот.
Поранешниот министер за земјоделство Љупчо Николовски од СДСМ денеска бил повикан на службен разговор во СВР Скопје, дознава Алфа од извори во истрагата.
Според информациите, разговорот е поврзан со сомнежи за злоупотреби при спроведување на јавна набавка во вредност од над 800.000 евра, реализирана во периодот кога Николовски ја извршуваше министерската функција. Од засега достапните информации, предметот се однесува на евентуално постапување спротивно на Законот за јавни набавки.
Надлежните институции сè уште немаат објавено официјални детали за случајот.
Од МВР и од Обвинителството засега нема официјална потврда за текот на истрагата.