МУРИЊО НАЈДЕ НАЧИН ДА СЕ ПОШЕГУВА СО КУКУРЕЉА Бекот на Реал се изнасмеал кога ја видел фотката

Шегата почнала со ветување што Шпанецот го дал пред Мундијалот. Ако ја освојат титулата, ќе го истетовира ликот на селекторот.

0

Левиот бек на Реал Мадрид, Марк Кукуреља, добил фотографија од тренерот Жозе Мурињо. На неа бил тој, без дрес, со ликот на Португалецот на градите. Кукуреља ја раскажа случката за шпанското радио „Копе“, пренесе Индекс.

– Не можам да ви опишам колку ме насмеа тоа – рече Кукуреља.






Мурињо имал од каде да ја позајми идејата. Кукуреља навистина го истетовирал шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте откако Шпанија ја победи Аргентина со 1-0 во финалето на Светското првенство. На тетоважата селекторот го држи шампионскиот пехар, а зад него стои бројот 26.

 

Кукуреља и Мурињо пристигнаа во Мадрид истото лето. Реал го доведе бекот од Челси, додека Португалецот се врати на клупата на клубот по 13 години. Кукуреља призна дека го изненадило колку опуштено се чувствува со новиот тренер.

За вистинската тетоважа, пак, Кукуреља има јасен одговор.

– Не се каам, ама доста ми е. Веќе не се впуштам во такви работи – рече бекот.

Поврзани содржини