СИЉАНОВСКА ДАВКОВА ИЗРАЗИ СОЧУВСТВО НА БУГАРСКАТА КОЛЕШКА ЈОТОВА Искрено сочувство до народот на Бугарија за тешката сообраќајна несреќа
„Моите мисли се со сите погодени од оваа трагедија. На повредените им посакувам сила и целосно и брзо закрепнување“, наведe претседателката Гордана Сиљановска Давкова во објавата за сочувство до буарската претседателка Илијана Јотова.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова изрази сочувство на буарската претседателка Илијана Јотова за сообраќајната несреќа во Бугарија, во која според последните информации 11 лица загинаа во двата верижни судира на автопатот „Тракија“.
„Длабоко ме потресе веста за трагичниот верижен судир во близина на Зимница, на бугарскиот автопат „Тракија“, во кој животот го загубија повеќе од 10 лица, а најмалку 48 се повредени“, објави претседателката на социјалната мрежа Икс.
Сиљановска Давкова упати искрено сочувство до семејствата кои ги загубија своите блиски и до народот на Бугарија.
„Моите мисли се со сите погодени од оваа трагедија. На повредените им посакувам сила и целосно и брзо закрепнување“, наведe претседателката во објавата за сочувство.
Министерскиот совет на Бугарија утре, 11 ноември, прогласи ден на жалост во спомен на загинатите.
Две тешки верижни сообраќајни несреќи се случија денеска при густа магла на автопатот „Тракија“, во близина на патниот јазол „Зимница“, недалеку од Јамбол. Најмалку 11 лица загинаа, а речиси 50 се повредени во несреќите во кои учествувале вкупно 86 возила.