ИСТОЧНОТО КРИЛО НА НАТО НА ГОТОВС Полска купува американски тенкови
Многу важни вести за безбедноста на Полска. Стејт департментот се согласи да продаде 250 тенкови „Абрамс“ од најновата верзија, информираше полскиот министер за национална одбрана Блашчак.
Вашингтон ќе ѝ продаде на Варшава 250 тенкови „Абрамс“, верзија M1A2 SEPv3, информираше полскиот министер за национална одбрана, Мариуш Блашчак.
– Многу важни вести за безбедноста на Полска. Стејт департментот се согласи да продаде 250 тенкови „Абрамс“ од најновата верзија – напиша Блашчак на Твитер.
Тој купувањето го нарече еден од најважните воени договори во полската историја.
– Ова е исклучително важно за зајакнување на нашите одбранбени капацитети – додаде полскиот министер.
Претходно, соопштувајќи за купувањето на тенковите, полските власти открија дека планираат тенковите да ги распоредат долж нивните источни граници со Белорусија и со Украина.