ИРАНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ДОБРОДОЈДЕНА НА СП ВО САД Трамп ја кани, Иран уште не се изјаснил

Нема да зборувам во името на иранскиот тим, но можам да кажам дека претседателот (Трамп), кога разговарав со него, го повика иранскиот тим да учествува - изјави Ендрју Џулијани, претставник на Белата куќа задолжен за Светското фудбалско првенсство.

294

И покрај политичките и воени тензии Белата куќа очекува доаѓање на фудбалската репрезентација на Иран на Мундијалот во САД.

Работната група очекува доаѓање на селекцијата на Иран до 10. јуни во Тусон, а потоа да патуваат за Лос Анџелес каде ги играат дуелите со Нов Зеланд и Белгија, додека дуелот со Египет ќе се игра во Сиетл.

Претседателот на САД ги менува ставовите во однос на учеството на Иран на Мундијалот, но претседателот на ФИФА, Џани Инфантино има „скриена“ дипломатска активност Иран да настапи и сѐ да биде како што е планирано од страна на ФИФА.

– Нема да зборувам во името на иранскиот тим, но можам да кажам дека претседателот (Трамп) кога разговарав со него, го повика иранскиот тим да учествува – изјави Ендрју Џулијани, извршниот директор на Белата куќа за Светското првенство.

Иран до ФИФА поднесе барање неговите натпревари да бидат префрлени и да се играат во Мексико, но ФИФА тоа го одби.

Поврзани содржини