ХАОС ВО ДОМОВИТЕ Приведени пет лица за напади врз семејство
Полицијата приведе пет лица во одделни случаи на семејно насилство во Куманово, Охрид, Струмица и Велес.
Пет лица се лишени од слобода во одделни случаи на семејно насилство што се случиле во Куманово, Охрид, Струмица и Велес, информираат од полицијата.
Во Куманово, 35-годишен маж бил приведен откако физички ги нападнал 31-годишната сопруга и нивните две малолетни деца. Во втор одделен случај во истиот град, полицијата привела и 57-годишник кој, според пријавата, ја нападнал својата 28-годишна ќерка.
Во Охрид, 48-годишен државјанин на Словенија бил лишен од слобода по пријава дека во стан по вербална расправија физички ја нападнал сопругата.
Во струмичко село, 36-годишен маж бил приведен по пријава дека агресивно се однесувал кон својата 65-годишна мајка.
Во Велес, полицијата привела 23-годишник кој, според пријавата, во семејниот дом ја нападнал својата 24-годишна сестра.
Од полицијата информираат дека по целосно расчистување и документирање на сите случаи ќе следуваат соодветни пријави.