„И ЈАС БИ ГО РАСКИНАЛ“ Поранешен директор на МЕПСО од ДУИ сведочи за спорниот договор за интерконекцијата со Албанија
Куштрим Рамадани, поранешен генерален на МЕПСО, објаснува зошто не чини договорот со „Енергоинвест“.
Поранешниот генерален директор на АД МЕПСО, Куштрим Рамадани, кој доаѓа од редовите на ДУИ, во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21, околу проектот Интерконекција Северна Македонија – Албанија и договорот со компанијата Енергоинвест од Босна и Херцеговина, беше категоричен, изјавувајќи:
– Немаа активности на терен. Во договорните услови нема простор за зголемување на цената; договорот е lump sum, со фиксни и непроменливи цени, затоа ниту сум им дал простор на компанијата Енергоинвест за разговори за зголемување на цените – договорот не дозволува такво нешто.
Компанијата од Босна и Херцеговина имала само мала канцеларија, со еден вработен и контакт телефон на кој никој не се јавувал, вели тој и додава:
– Со длабоко убедување велам дека јас би го раскинал тој договор!