ДУИ СЕ ЗАГЛАВЕНИ ВО 2008 И ОПСЕДНАТИ ЗА ВЛАСТ Жестока порака од ВЛЕН до паријата на Ахмети

ВЛЕН со остри обвинувања кон ДУИ: партијата, според нив, користи застарена реторика и се бори само за власт и функционерски позиции.

5

Коалицијата ВЛЕН излезе со остри обвинувања кон ДУИ, оценувајќи дека партијата останала „заглавена во 2008 година“ и дека повторно се служи со, како што велат, застарена политичка реторика во обид да се врати на власт.

Во реакцијата, ВЛЕН наведува дека ДУИ се претставува како единствен заштитник на политичките и демократските права на Албанците, но во суштина, според нив, работи исклучиво за зачувување на власта и функционерските позиции.

Од коалицијата додаваат дека ваквото однесување е доказ дека ДУИ зад себе оставила „половични решенија, недовршени закони и нерешени прашања“, оценувајќи дека партијата со години нудела популистички пораки наместо конкретни резултати.

Во истата реакција, ВЛЕН се осврнува и на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, при што се наведува дека аферата „Соравија“ и други скандали, според нивните тврдења, покажуваат дека „личниот интерес и парите му се поважни од националните прашања“.

Поврзани содржини