ЕВРОПРАТЕНИЦИТЕ ТРЕБА ДА СЕ ДРЖАТ ДО ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ Мицкоски очекува да се изгласа амандманот дека билатералните протоколи не се дел од преговарачката рамка

Ако сака Европа да го задржи својот кредибилитет, треба да ја исправи неправдата што ѝ е нанесена на Македонија, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски.

1

Европратениците треба да го поддржат амандманот во кој билатералните протоколи се исклучуваат како формален составен дел од преговарачката рамка со ЕУ, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски.

– Ако сака Европа да го задржи својот кредибилитет, тоа треба да го направи, треба да ја исправи неправдата што ѝ е нанесена на Македонија. Мислам дека тоа треба да се случи, европските пратеници треба да го поддржат и оној амандман во кој се нотираат придобивките и напредокот, но и оној дел во кој протоколите не се составен дел од преговарачката рамка. Ги охрабрувам и ги замолувам европратениците да се држат до европските вредности дефинирани од Шуман, Аденауер и Де Гаспери при формирањето на ЕУ – рече Мицкоски.






Според него, за жал, некогаш вината треба да ја бараме и меѓу нас, зашто во минатото имавме политичари медиокритети кои им направија штета на граѓаните и државата.

– Но, затоа сега имаме генерација и тука и во Европскиот парламент која е подготвена таа штета да ја исправи – порача Мицкоски.

Поврзани содржини