📽️ ЈАС СУМ ШЕФОТ Трамп се оправда за доцнењето од цел час на Г7

Другите веќе работеа, американскиот претседател штотуку пристигна. Трамп мораше да ги засмее присутните за некако да го оправда своето доцнење.

0

„Јас сум шефот“.

Со оваа забелешка претседателот на САД проба да го оправда фактот што задоцни речиси цел час на состанокот на Г7 во Франција.






Забелешката предизвика смеа кај присутните.

Претходно, францускиот претседател Емануел Макрон им кажал на учесниците дека Трамп ќе пристигне „за кратко време“, додека на неговото место седел американскиот министер за финансии Скот Бесент.

По шегата, Трамп се упатил кон своето место, попатно пријателски потапкувајќи го британскиот премиер Кир Стармер по рамото.

Откако седнал, им се обратил и на новинарите.

– Дали сакате да останете на состанокот? Немам ништо против – рекол Трамп, пред организаторите да ги замолат медиумите да ја напуштат салата.

 

Поврзани содржини