УДРИЛ ВО ЅИД СО ВЕЛОСИПЕД Малолетник од Делчево итно хоспитализиран во Скопје

Малолетникот изгубил контрола над велосипедот на пешачка патека и со сериозни повреди бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

132

Тринаесетгодишно момче од Делчево се здобило со тешки телесни повреди по несреќа што се случила на пешачка патека во градот, соопшти полицијата.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 16 јуни околу 15:20 часот во ОВР Делчево. Малолетникот, управувајќи велосипед на пешачка патека меѓу улиците Глигор Прличев и Гоце Делчев, изгубил контрола и удрил во ѕид од куќа.






По несреќата, момчето било пренесено на лекување, а во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Делчево, а се утврдуваат сите околности под кои се случила несреќата.

Поврзани содржини