ТРГНАЛ ДА ГО БАРА БРАТ МУ, ГО ПРОНАШОЛ МРТОВ ПОД МОТОКУЛТИВАТОР Земјоделец загина прегазен од сопствената машина

Откако не се вратил дома до пладне, неговиот брат тргнал да го бара и го пронашол мртов под мотокултиваторот на нивата во Зелениково.

0

Трагичен настан се случил во скопското село Зелениково, каде што 72-годишен жител го загубил животот додека работел на нива.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 16 јуни во Полициската станица Драчево било пријавено оти во селото бил пронајден починатиот Ц.К. (72) од Зелениково, кој според првичните информации бил прегазен од сопствениот мотокултиватор.






Според пријавеното, мажот утрината излегол да работи на земјоделска површина со мотокултиваторот, но откако не се вратил дома до 13 часот, неговиот брат тргнал да го бара. Кога пристигнал на нивата, го пронашол безживотното тело под машината.

На местото пристигнала екипа на Итна медицинска помош, чиј лекар констатирал смрт.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, а увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Се утврдуваат сите околности под кои дошло до несреќата.

Поврзани содржини