🎥 ПРИНЦОТ ЏОРЏ ПО СТАПКИТЕ НА ТАТКО МУ Наследникот на Вилијам ќе учи на колеџот Итон од септември

Колеџот Итон (Eton College) е светски познат приватен интернат за момчиња на возраст од 13 до 18 години, лоциран во близината на Виндзор

1

Принцот Џорџ ќе оди на Колеџот Итон од есенва, следејќи ги стапките на својот татко, принцот од Велс, Вилијам.

Момчете кое се појави со своето семејство на кралската свеченост за време на викендов, ќе биде ученик во училиштето каде што оделе и престолонаследникот Вилијам и неговиот брат, војводата од Сасекс, принцот Хари, соопшти Кенсингтонската палата.






Младиот принц досега учеше во училиштето Ламбрук – приватното подготвително училиште во Беркшир, каде што и живее. Неговите браќа и сестри, принцезата Шарлот (11), и принцот Луис (8), исто така, се ученици таму.

Вилијам и неговата сопруга Кејт наводно биле забележани како го обиколуваат Итон со нивниот најстар син во 2023 година, што уште тогаш ги поттикна гласините дека училиштето е високо на нивната листа на места каде што ќе го испратат Џорџ.

Колеџот Итон (Eton College) е светски познат приватен интернат за момчиња на возраст од 13 до 18 години, лоциран во близина на Виндзор, Англија. Основан е во 1440 година од кралот Хенри VI и е еден од најпрестижните образовни центри во светот, кој низ историјата образувал бројни британски премиери, членови на кралското семејство и светски лидери.

Итон е едно од најпознатите и најпрестижни училишта во светот. Има углед на всадување самодоверба и лидерство, бидејќи студентите мора сами да исполнат многу неакадемски задачи. Годишните давачки достигнуваат 63.298 фунти (над 73.000 евра).

Не е познато дали Џорџ ќе се смести во Итон, имајќи предвид дека колеџот е на само неколку километри од домот на неговото семејство т.е. нивниот замок во Виндзор.

На печатот во 90-тите му беше дозволено да го снима првиот ден на Вилијам во Итон со неговите родители Чарлс и Дијана – тогашните принц и принцеза од Велс, како и принцот Хари.

Пет години подоцна, на 18-годишна возраст, принцот Вилијам беше интервјуиран за времето минато во тоа училиште.

– Навистина уживав што можев да одам низ Итон како уште еден ученик – изјави тој тогаш.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HELLO! Magazine (@hellomag)

Меѓу попознатите поранешни ученици се глумците Том Хидлстон, Хју Лори и Еди Редмејн, голем број премиери, вклучувајќи го тука и Дејвид Камерон, писателите Џорџ Орвел и Ијан Флеминг, како и авантуристот Бер Грилс.

Кралот Чарлс Трети, инаку, одел во Гордонстаун – училиште во Шкотските Висорамнини коешто го посетувал и неговиот татко, покојниот војвода од Единбург. Според биографот Џонатан Димблби, времето што денешниот британски монарх го минал таму било „затворска казна“ – но, му всадило самодисциплина и чувство на одговорност.

Поврзани содржини