ЕУ ВЕЌЕ НЕ МУ ГАРАНТИРА ИДНИНА НА БАЛКАНОТ Ќе има голема кавга на самитот идната среда
Земјите-членки ни по две рунди разговори пред самитот во Брдо во Словенија идната среда, не постигнале консензус околу прашањето за „недвосмислената поддршка за европската перспективна на Западен Балкан“.
Европската унија повеќе не може да им гарантира идно членство на шесте земји од Западен Балкан, а тоа делумно се должи и на стравот од тоа како луѓето во земјите ќе реагираат, пишува „Ројтерс“, повикувајќи се на четворица дипломати и еден документ, декларација која треба да биде изгласана на претстојниот самит идната среда во Брдо, Словенија.
На претстојниот самит закажан за 6 октомври, Европската Унија сè уште планира во декларација да наведе дека Унијата ја реафирмира својата „недвосмислена поддршка за европската перспектива за Западен Балкан“. Сепак, според дипломатските извори на „Ројтерс“, земјите-членки и по две рунди разговори, сè уште не постигнале согласност за оваа формулација.
Застојот во разговорите околу декларацијата е нова пречка за ЕУ пред самитот, кој требаше да ја зацврсти посветеноста на ЕУ на стратегијата според која на Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Албанија им беше ветено дека ќе станат дел од европското семејство, пишува „Ројтерс“.
„Ројтерс“ во својата статиjа, исто така се осврнува и кон тензиите меѓу Србија и Косово.