ДЕВОЈЧЕТО СО ТЕШКИ ИЗГОРЕНИЦИ, НО НАДВОР ОД ЖИВОТНА ОПАСНОСТ На инспекторите им потврдило дека снимало видео за Тик-ток

Таканаречените „предизвици“ на социјалната мрежа Тик-ток, која е особено популарна меѓу помладите корисници, претставуваат голема опасност.

1,271

Малолетното девојче, кое заврши на Ургентен центар откако го удри струја на железничка станица во Маџари, има тешки изгореници по целото тело, но е надвор од животна опасност, потврдија болнички извори за ТВ Сител.

Девојчето било во свесна состојба и на истражните органи самото им потврдило дека до несреќата дошло откако се обидело да сними видео за социјалната мрежа Тик-ток, качувајќи се притоа на вагон под висок напон на железничката станица.






Таканаречените „предизвици“ на социјалната мрежа Тик-ток, која е особено популарна меѓу помладите корисници, претставуваат голема опасност и досега имаат однесено повеќе жртви. Психолозите предупредуваат родителите да обрнат вниманиа што читаат и што објавуваат нивните деца на оваа социјална мрежа.

Поврзани содржини